Страницата претставува официјален веб лог на Ненад Јолдески. Таму – под еден покрив може да се најдат сите минати записи. Страницата исто така редовно апдејтува со нови содржини.
За да ја посетете страницата кликнете на сликата подолу.
Страницата претставува официјален веб лог на Ненад Јолдески. Таму – под еден покрив може да се најдат сите минати записи. Страницата исто така редовно апдејтува со нови содржини.
За да ја посетете страницата кликнете на сликата подолу.
1.
Еден ден туку му текна на Струшко поле да си се вратит назад во негојот првобитен облик – блато. Се преплави будалото со вода и им се скара на луѓето. Си насобра птици и почна да си растит тревје секакви. Си природи блатото: бел локван, троскот за во вода, ситка, рогоз, трски и други убај работи. Абре толку беше убо пустото, шо ко се сруши браната во Струга, луѓево наместо да ја напрает, ја остаја така и сите се преселија околу блатото.
То напрај пак градов после долги години да останит пуст – гол да шеташ – да немат кој да те видит. Почна во градот трева да растит и све да си уживат во штамата. Почна да си дишит кутрото гратче, ѓубрето се скри под други слојој и све стана фантастично. От ко попушти браната Дрим се разлеа, се распостели кај му дојде и ко некоја река богиња си ги пушти косите ресести во водата. Чаршијата пак, ко змија шо се лупит, си го смени изгледот. Гледаш а таму немат појче неоснки реклами, излози со чудни кукли и трафики со весници. Не бре! Ништо. И таму само зеленило и птици шо се врткет навака – натака. Сега тие се главни.
Continue reading Brave New Struga (приказна за тоа како Нова Струга стана славна)
На Климе и Љуба Јолдески.
Со љубов.
благодарност до Ристо Тодороски
кој ме научи дека дрвото можело
поголем пријател и од човека да е.
Се нишет веткине од петровкана в двор. Дуват ветарон и кршит гранки. Дедо со солзи на очи се загледал од пенџера во нејзе и плачит ко мало дете да е. Липат бре! Не мојш да познајш [...]